Капак на моторот на авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) во неделата за време на полетувањето од аеродромот во Денвер падна и удри во крилото, поради што американската Федерална управа за авијација (FAA) отвори истрага.
Британските медиуми пренесуваат дека никој не е повреден на летот 3695 на компанијата „Саутвест“, а авионот безбедно се вратил на аеродромот.
Scary moments for passengers on a Southwest flight from Denver to Houston when the engine cover ripped off during flight , forcing the plane to return to Denver Sunday morning. pic.twitter.com/BBpCBXpTsl
— Sam Sweeney (@SweeneyABC) April 7, 2024
Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот.
„Боингот“ се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се вратил во Денвер, 25 минути по полетувањето. МИА