Како Претседател на државата, Билјана Ванковска, кандидат на Левица за изборите, би предложила дебата за излегување од НАТО. Ванковска смета дека Македонија треба да биде неутрална воена сила и да се демилитиризира, додека според Повлебата на ОН има право на одбрана со „пристојни воени сили“.
-Претседателот на државата има уставно право и може да предложи излегување од меѓународни сојузи. Може да отвори дебата, а да одлучи Собранието. Претседателот има ваква уставна надлежност и одлуките не ги донесува самостојно. На 30 септември 2018 година на Референдумот знаеме што гласавме и што не’ колсултираа и дали не’ консултираа – го знаете пакетот. Знаеме како помина Референдумот. Одговорот беше неуспешен – формално правно тој резултат е негативен , народот рекол „НЕ“ на Референдумот – не сакаме цената да ја платиме. Јас сум за воена неутралност, особено во свет кој забрзано се милитариизира. Ќе предложам демилитаризацијата во вториот мандат. Според Повелбата на ОН имаме право на своја одбрана, на сопствени вооружени сили, и тие да бидат пристијни да не имаме заблуда дека можат да направат чуда – пример Украина од шеста воена сила, ја симна границата на млади под 18 години за учество во вооружените сили. Една мала сиромашна држава да одвои и 2% од БДП е премногу. Човечкиот живот е побитен од опрема, рече Ванковска.
Во однос на прашањето на Европската Унија, Ванковска смета дека нема логиката Украина или Босна и Херцеговина да преговара, а Македонија не.
-Македонија плати преголема цена и неприрдни услови поставуват што немаат врска со интеграција.Тука би морале да бидеме порешителни како партнери, но и со се’ друго што се нуди. Светот прераснува во мултиполарен и ако ЕУ може да соработува со Кина и Урсула Фон Дер Лајен и Макрон да одат кај Кси Џинпинг, зошто Македонија да се чувствува погрешно ако развива соработка. Не сум за тоа да уриваат мостови и оној пат што сме го фатиле, но од друга страна мора да ѝ кажеме на ЕУ не може така да не’ третира, одговори Ванковска.
Професорката беше прашана како би постапила доколку е член во заедничката Историската комисија на Македонија и Бугарија. Ванковска рече дека никогаш не би била член од принципиелни причини и објасни што експлицитно би рекла „НЕ“ на понудата.
-Не можете вие затоа што политиката ви кажува да прифатите, а не врз база на научни факти. Тоа не може држава да го регулира“, рече Ванковска.
На прашањето што треба да учат децата за настаните од 2001 година, кандидатката на Левица за Претседател на државата, смета дека мора да им се понуди верзија и факти на младите за конфликтот за кој сега не се учи, ниту се зборува во име на етнички мир.
-Децата сега не учат ништо. Науката има правила и нема многу дилема, но политиката вика, тоа не го закачајте. Но, и странскиот фактор вели – гледајте напред кон идината. На студентите кога им предавам Политички систем и во делот за уставните амандмани од 2001, мора да им објаснувам за споделување на власта меѓу политичките елити. Ги прашав што знаат – тие велат дека не знаат ништо, – „Наставниците ни велат одете дома и прашајте си ги родителите“. Тоа е она најлошото. Ние го доживеавме периодот на Југославија на усташи и четници само поради ставањето под чергиче, со обландата братство единство, почнаа мртви да се пребројуваат. Им должиме на децата верзија и фактографија. Работев како јавен заговарач, бев активна во РЕКОМ, ние го употребуваме зборот вистина – но, во науката во статутот на Комисијата за помирување во Јужна Африка – се фативме за форензичка или фактичка вистина – колку починати, во која возраст… и така ја добивате целата слика. И на некој начин оддавате респект за починатиот, без разлика на која страна припаѓаат. За тоа има и во Програмата дека таа тема треба да се отвори, изјави Ванковска.
Во однос на прашањето за промената на знамето, Ванковска вели дека на нашето знаме не му фали ништо, туку се проблематизира и тоа зборува дека нема општествен договор и форсирање на етнички принципи.
-Историски факт е дека знамето од Кутлеш било државно знаме. Но, станува етнички идентитет на Макдонците од пркос (инает). Ако гледате дека албанското знаме, односно знамето на Република Албанија се вее низ дел од територијата на Македонија, тогаш Македонците си велат – а ние под кое знаме? Од друга страна ако гледате дека дека Албанците го проблематизираат знамето, станува многу сложено, рече Билјана Ванковска.
Нејзиниот став дека од досегашните претедатели Киро Глигоров покажал претедателски став со сериозни позиции во сериози времиња, иако некои не му прифаќаа тоа што Македонија влезе во ОН под името ФИРОМ, за што, како што рече, веројатно немало други опции.