Српските медиуми јавија дека полицијата во Бор вчера попладнетоо на распит ја одвела мајката на Дејан Драгијевиќ, еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Ова за „Блиц“ го потврди таткото на Дејан, Раде Драгијевиќ.
Претходно денеска, за потсетување, на рочиштето беше однесен и помладиот брат на Дејан, Далибор.
„Што да кажам кога не знам ништо. Да имав добри информации, па можев да кажам нешто, но немам. Требаше да ме слушаат синоќа, но не. Сега дојдоа само по жената. Околу 18 часот со службено возило дошле двајца полицајци и ја однеле да даде изјава. Сега сите се таму, само јас останав дома “– вели Раде Драгијевиќ за „Блиц“.
Тој додава дека на телевизија слушнал секакви манипулација за се и сешто.
„ Не знам што се случило, но не верувам дека тоа што се зборува е вистина. Дејан никогаш не бил таков. Не го познавам како таков. Тој не беше агресивен со мене или ништо. Ниту тој, ниту другиот син Далибор – вели таткото Раде.