За жал Струга е во зоната на самракот, рече претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова вечерва пред стружани.
Таа во својот говор понатаму додаде:
-Зошто е така сите знаеме. Малку држави на светот имаат можност да имаат богатство, крајбрежје, објект под заштита на УНЕСКО. Ние сме ја имале таа среќа. Ама по што сме познаи? По опасноста да бидат тргнати од заштитата. Заради феудализмот. Заради тоа што кога ќе се најдете на црна листа, последиците сите ги чувствуваме, тоа е она што ме загрижува, рече таа и додаде:
-Со администрација, која е преполнета со партиски послушници и политички војници не можете да градите правна држава. Со држава од која најдобрие бегаат бидејќи веруваат во владеење на правото не можете да градите европска држава. Затоа велам дека не се оди надвор без консензус, исцртани линии и национални и државни интереси. А во Уставниот суд треба да седат двајца судии или две судијки, предложени од претседателот, односно од претседателката. Тие треба да бидат врвот во правната професија, да го имаат угледот, да зрачат со достоинство и знаење. Тогаш Македонија ќе биде горда на Уставниот суд кој што во многу држави е еден од најважните фактори на демократизацијата на политичкиот систем, порача Силјановска Давкова од Струга.