Во Штип никогаш не сум се чувствувал како гостин, а тоа го покажуваат изборните резултати. Не паметам кога сум изгубил во Штип, 10 години наназад, порача кандидатот за претседател Стево Пендаровски денес пред штипјани.
-Мојата политичка филозофија секогаш била против поделбите меѓу лугето по било која основа. И денес гарантирам не постои ниту еден човек кој може да каже дека од мене како претседател бил дискриминиран по било кој основ. Ако погледнеме во нашите редови грешки не сме имале во однос на стратешките прашања, но во однос на политичките и кадровските решенија грешки имавме. Нужно е да направиме целосен ветинг на сите судии и обвинители, но и на нас политичарите. Сите кои намерно држеа предмети во фиоки или не можат да докажат како од плата станале милионери треба да бидат разрешени од функциите и да лежат во затвор, а не да делат правда или конкурираат за политичка функција. Македонската јавност е сведок дека како претседател јавно ги осудувам грешките на сите кои ги кршеа законите. Ја барам довербата затоа што можам да ве погледнам во очи, бидејќи зад мене нема ниту една криминална афера, на корупции или наместени тендери. Ако ја добијам довербата ќе продолжам да работам за плата, порача меѓу другото Пендаровски од Штип.