Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), денеска оствари средба со ракометарките и стручниот штаб на женскиот сениорски национален тим, честитајќи им го пласманот на Европското првенство кое во декември ќе се одржи во Австрија, Швајцарија и Унгарија.
Претседателот Мукаетов се заблагодари на ракометарките и на стручниот штаб за севкупното залагање и придонес за пласманот, напомнувајќи дека „во овој квалификациски циклус се отиде чекор напред, покажаа дека вредат и местото им е учество на завршниот континентален турнир“.
Женската ракометна репрезентација успеа да се пласира на ЕП преку квалификации по цели 12 години, а УО на РФМ претходно донесе одлука за пласманот на ЕП женската национална селекција да добие награда во износ од 2 милиони денари.
Ова е седмо континентално учество, а второ последователно на женската национална селекција на најсилното континентално натпреварување, откако во 2022 година Скопје беше домаќин на Европското првенство во ракомет за жени.
Жрепката за групната фаза е закажана за 18. април во Виена.
Последниот натпревар од квалификацискиот циклус македонските ракометарки ќе го одиграат против селекцијата на Литванија на 7 април од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот во салата е слободен.