Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на вонредната седница на Владата, која почна во 10 часот во Палатата Србија, изјави дека полицијата уапсила две лица кои ја убиле малата Данка.
„Имаме лоши вести за ова наше дете, малата Данка од Бор, полицијата уапси две лица кои го извршиле убиството на малата Данка и го признаа ова злосторство… Со какви монструми си имаме работа. И сега ги носат до местото каде што го фрлиле телото на детето… Благодарам на полицијата за големиот труд и посветеност“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.