Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес конференција беше прашан за изјавата на неговиот заменик Митко Бојмацалиев, а се однесува за убиството во Железара.
-Во целост ќе го поддржам апелот на Јавното обвинителство, дека од страна било која институција која е вклучена во расветлување на овој случај, да не навлегува во детали, кои можат да ја загрозат кривичната истрага. Нерсериозни и непрофесионални изјави, не сум ги слушнал, но ако е така како што велите, тогаш можам да кажам дека станува збор за несериозна и непрофесионална изјава. Не би можел да навлегувам во детали во однос на дејствијата кои ги презема МВР за ова“, рече Тошковски.
Тошковски беше прашан и за пукањето врз градоначалникот на Арачиново.
-Вчера беа приведени две осомничени лица за кои се претпоставуваше дека се поврзани со настанот. Беше утврдено дека едно лице е барано со потерница и ќе биде процесуирано. Нема да говорам детали кои може да ја загрозат истрагата., рече тој.