Ноќеска до полноќ до Државната изборна комисија (ДИК) пристигнаа вкупно 17 листи на кандидати за пратеници Изборите за пратеници во Собранието за изборите кои ќе се одржат на 8 мај 2024 година.
Листи пријавија и партијата на скопската градоначалничка Данела Арсовска – Нова Алтернатива, Родина, Аваја, партијата Десна на Љупчо Палевски, а има и една независна листа од Група избирачи.
Според ДИК, ова се листите на кандидати за пратеници за Парламентарните избори во мај:
1.СДСМ( Kоалиција за европска иднина) – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
2.ВМРО- ДПМНЕ ( Коалиција Твоја Македонија) – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
3. ЗНАМ – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
4.РОДИНА- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
5.АВАЈА- за ИЕ 3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
6.РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
7.ТВОЈА ПАРТИЈА- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4
8.ГРОМ – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
9.МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА СУВЕРЕНОСТ – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
10.ДУИ ( Коалиција за европски фронт) за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, И
11.ДЕМОКРАТИ- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
12.ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
13.Група избирачи ЏУЛА ЧЕЛИКУ- за ИЕ 6
14.Коалиција ВЛЕН – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
15.ЛЕВИЦА – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
16.ДЕСНА – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
17.НОВА АЛТЕРНАТИВА – за ИЕ 1,ИЕ 2, ИЕ3, ИЕ4
ДИК по приемот на листата на кандидати утврдува дали истата е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот закон.
Државната изборна комисија (ДИК) го комплетираше Изборниот список за претседателските и парламентарните избори, на кој за претседателските избори на 24 април се пријавени 1.814.317 гласачи, а за парламентарните избори на 8 мај 1.815.350. Од запишаните гласачи за Претседателските избори, 1.713.758 се пријавени за гласање во државата. Дополнително, идентификувани се и други гласачи кои се во странство, како и оние кои издржуваат затворска казна или се во притвор.
За парламентарните избори во државата се пријавени 1.716.664 гласачи, од кои 96.010 лица работат или престојуваат во странство, а 2.140 се во затвор.