Најстариот човек на светот, Хуан Висенте Перез Мора, почина на 114-годишна возраст во Венецуела, соопшти претседателот на таа земја Николас Мадуро, пренесува курир.рс.
-Хуан Висенте Перез Мора, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар човек на светот, почина на 114-годишна возраст. Голема прегратка за неговото семејство, изразувам сочувство до сите жители на градот Ел Кобра – напиша Мадуро на социјалната мрежа Х.
Перез Мора почина на 114 години и 339 дена, непосредно пред својот 115-ти роденден, од респираторни компликации. Во февруари 2022 година, тој беше вклучен во Гинисовата книга на рекорди како најстар човек на светот со 112 години и 253 дена, престигнувајќи го Шпанецот Сатурнино де ла Фуенте Гарсија, кој почина на 112-годишна возраст.
Перез Мора е роден на 27 мај 1909 година во Ел Кобре, Венецуела, како деветто од 10-те деца. Имаше 11 деца.
Juan Vicente Pérez Mora ha trascendido hacia la eternidad a sus 114 años, tachirense del poblado de El Cobre que le regaló a Venezuela el Récord Guinness por ser el hombre más longevo del mundo. Envío mi abrazo y condolencias a sus familiares y a todo el pueblo de El Cobre estado… pic.twitter.com/ieVPosm8dt
— Nicolás Maduro (@NicolasMaduro) April 3, 2024
Според неговото семејство, неговата омилена храна биле колачи, мондонго (супа направена со исечен стомак од крава или свиња), алака (тесто од пченка полнети со месо и други состојки) и авокадо.
Својата долговечност ја припишува на напорната работа, молејќи се на Бога и пиејќи по една чаша агариенте (ракија) секој ден.