МВР вчера објави дека на 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.
Денес на социјалните медиуми се појави снимка, на која се тврди дека е направена во маркетот.
Украден Рептил кој е на 200 метра до МВР.
Спие Панче Тошковски, спие МВРО – ВМРО pic.twitter.com/mjf6IWZIPf
— Пензионерот (@Penzionerot) April 2, 2024
Три лица со автомобил влегле во маркетот во Црниче и го одзеле сефот и покрај вклучениот аларм.
Го крадат сефот и го стават во багажникот, по пат сефот им паѓа, па се враќаат, го земаат и продолжуваат со возилото.