Пејачката Слаѓана Милошевиќ почина на 69-годишна возраст во болница во Земун. Оваа вест ги шокираше нејзините многубројни обожаватели ширум регионот, кои ја паметат по нејзиниот незаборавен глас и музичко наследство.
-Болеста се нарекува Сјогренов синдром. Нејзината симптоматологија и метод на лекување се уште се непознати за многу лекари. Често се отфрла како поедноставено имуно нарушување, кое всушност е смртоносно. За жал, болеста е многу тешка, со бројни имунолошки промени. Ги напаѓа сите телесни системи. Само кинеската традиционална медицина може да помогне, бидејќи од раните денови го третира човекот како единствена целина. Во западната медицина таков пристап има само психосоматиката. Човекот е единство на телото и психата, а само така се лекува – изјави пејачката.
Слаѓана Милошевиќ беше една од најистакнатите пејачки од поранешна Југославија, а нејзината музичка кариера опфаќаше различни жанрови, од поп до рок. Родена е во Котор, а по преселбата во Белград брзо стекна популарност со своите исклучителни вокални способности. Нејзините хитови како „Ако знаев како ќе заврши“ и „Мики, Мики“ се слушаат и денес, оставајќи неизбришлив белег на музичката сцена, пренесува република.рс.
Покрај музичката кариера, јавноста се интересираше и за нејзиниот приватен живот. Слаѓана ретко зборуваше за своите лични проблеми, но беше позната по тоа што е посветена мајка и грижлива сопруга. Нејзината смрт остави празнина не само во музичката индустрија, туку и во срцата на нејзиното семејство и пријателите.
Како што и самата изјави неодамна за медиумите, поради лоша здравствена состојба завршила во болница, а подоцна самоиницијативно ја напуштила болницата, но набрзо била вратена:
-Во Клиничкиот центар сум и веќе подолго време се лекувам. Многу сум болна, се многу ми се искомплицира, но веќе шест дена ме држат овде и не ме пуштаат ни во тоалет – почнува за белградските медиуми Слаѓана, која долго време е врзана за кревет, рече таа и ги објасни здравствените провлеми.
„Родена сум со имунолошки дефект и цел живот имам проблем со луѓе кои имаат некаква инфекција. Затоа често отсуствував од сцената. Кога завршив во болница, тоа што ми се случи многу ме повреди, бидејќи гледав други луѓе околу мене. Мојата разлика ги одбива луѓето и ги тера кон омраза. Славата во некои моменти ме заштити, но во ова време ме оддалечи. Имам здравствен проблем поради кој морам да одам на болнички третмани, бидејќи морам да земам лекови интравенски и често сум хоспитализирана. Последен пат кога ме примија во болница доживеав големо понижување и навреда“, изјавила пејачката и опишала со што се соочила тогаш, пренесува Нова.рс:
„Ме однесоа на интензивна нега, каде што не ми е местото, бидејќи сум подвижен пациент, а добро знаеме кој лежи таму. Иако очекував да се вратам на одделот во кој бев. Многу ми беше тешко да издржам вербални навреди. Едната млада медицинска сестра ми ја кажа реченицата: „Ајде, пеј ни сега“, а другата одговори: „Не дај Боже таа да ни пее. Тоа е личност која не ја сакам во моја близина3 Бев изненадена, бидејќи имам почит кон сите и не дозволувам никој така да ми се обраќа. Јас сум име во оваа земја и добив признание за се што сум направила“, рекла таа и додала:
„Јас сум под одреден третман каде што не смеам да ја напуштам просторијата, дури бев затворена два дена. Сите работи ми беа земени, од чевлите до телефонот. Од непозната причина бараат да останам во болница. Направена е само една анализа која бараше да лежам. Ми ветија дека ќе бидам еден ден во тоа одделение и дека ќе ме вратат во моето одделение, за да можам да одам и нормално да се однесувам. Шест дена ми забрануваа сама да ги извршувам моите физиолошки потреби, а потоа решив самоиницијативно да ја напуштам болницата. Ми се направи големо зло“, изјави Слаѓана.