Сè уште се зборува за познатото видео на принцезата од Велс – Кејт Мидлтон, во кое таа објави дека боледува од рак и оти била на превентивна хемотерапија.
Продолжуваат да кружат гласини за ситниците поради кои многумина мислат дека видеото е направено вештачки, а една од забелешките е дека таа го користела џемперот на видео и претходно, пренесува онателеграф.рс, каде фи има сите пригоди во кои се појавила во тој џемпер.
Пругастиот џемпер од брендот „Ердем“ кој го носеше во видеото кога и се обрати на јавноста, таа веќе го има облечено дури три пати. Тоа не е типично за кралското семејство, но ништо необично за Кејт Мидлтон. Не ја нарекуваат „штедлива принцеза“ без причина.
Првото носење на овој џемпер од кашмир, чија цена е 670 фунти или 782 евра, е забележано во мај 2021 година, при посетата на училиштето Свети Андреј, односно местото каде што се сретнале идниот крал и кралицата. Тој џемпер е направен во Шкотска, па се претпоставува дека сакала да го носи за оваа пригода, пишува “KateMiddletonstyle.com”. Потоа Кејт и Вилијам дознаа повеќе за проекти кои го поддржуваат физичкото и менталното здравје, а ја искористија и можноста да разговараат со студентите.
Парчето облека потоа паузираше, а беше видено во април 2023 година, кога кралското семејство објави портрети за да го прослави роденденот на принцот Луис. Таа си поигра со него и го туркаше со количката.
Неколку месеци подоцна, во ноември минатата година, овој џемпер беше виден по трет пат, кога таа беше во посета на „Дадвенгерс“, социјална група за татковци и нивните деца во Лондон.
По тој повод, таа се дружеше со татковците во една кафеана во главниот град за да разговара за тоа колку е важна улогата на таткото во воспитувањето на децата.
Кејт Мидлтон го облече овој џемпер по четврти пат пред неколку дена кога на јавноста и соопшти дека боледува од рак и дека била подложена на превентивна хемотерапија.