Промовирајќи ја Изборната програма 1198 на ВМРО ДПМНЕ, лидерот Христијан Мицкоски, најави укинување на Балансерот – алатката со која се определува процентот на етничката застапеност на вработените во администрацијата.
„Укинување на Балансерот е исто така услов кој сака да биде во коалиција. Ние цениме дека е неправичен, фаворизиран, дискриминиран“, рече Мицкоски, претставувајќи ја Програмата.
Прашан за коментар на овој дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ, партијата, која според повеќето анкети е во предност пред СДСМ, лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека Балансерот е дел од Охридскиот договор, но не е силен услов.
„За Балансерот не одлучуваа само партиите што се тука. Балансерот е институционална одлука за следење на реализацијата и имплементацијата на Охридскиот договор. Но, тоа не беше многу силен услов“, одговори Ахмети.
Дали со „омекнувањето“ на ставот за правичната застапеност на Албанците во институциите преку Балансерот Ахмети отвара врата за нов владин мандат на ДУИ преку коалицирањето со ВМРО ДПМНЕ? И во своите настапи Мицкоски е прилично внимателен кога зборува за Алтернативците.
Што се однесува до Балансерот, Европската унија во Извештајот за напредокот на Македонија објавен во 2023 година, оценува дека е излишен и дека ја постигнал целта поради која е воведен.
Но, од друга страна, Центарот за управување со промени (ЦУК) во Извештајот за јавната администрација оценува дека генерално е достигнато задоволително ниво на соодветна застапеност, но дека се’ уште не е достигната застапеност на некои од помалите заедници;
„Се“ уште има граѓани кои менуваат етничка припадност, согласно националност што се бара при конкурс; институциите ги злоупотребуваат преземањата на вработени, па некаде се создава презастапеност на одредени етнички заедници; поради вработувањето по квоти страда вработувањето по заслуги и друго“, пишува во Извештајот на ЦУП.
В.К.
фото:Фрипик