До четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.
Утре врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон среда, пообилни во западните делови. Во четврток претпладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе биде во пораст, особено во петок и завреме на викендот кога на повеќе места ќе биде над 20 степени.