Четири лица загинаа, а осум се повредени на рели во Унгарија кога автомобил кој учествувал на трката влетал во толпата, информира 24.ху.
Тешката несреќа се случи на тркачката патека меѓу Лабатлан и Бајо денес рано попладне.
Полицијата на областа Комаром-Естергом соопшти дека возилото кое учествувало на релито излетало од патот од засега неразјаснети причини.
Унгарските медиуми јавуваат дека меѓу жртвите има и една девоче и дека на местото на несреќата пристигнале осум возила на брза помош и четири спасувачки хеликоптери.
Трката со која се отвора сезоната веднаш беше прекината.