„Forever young“ е неизбежна песна за ретро журки, особено онаа лудата која се одржа вчера вечерта во спортскиот центар „Јане Сандански“, која ги собра сите љубители на некогашниот ноќен живот во Скопје.
Оваа е четврта ваква журка по ред која ја организира Миодраг Цајовиќ Цајо, кој презадоволен од одзивут се обрати на публиката со ветување дека иако најавил дека ова ќе биде последна журка од ваков тип, сепак, се предомислил кога видел колку уживаат луѓето.
-Реков дека ова ќе биде моја последна забава што ја организирам, ветувам дека се додека можам, ќе ги правам овие забава за сите што се чувствуваат млади. Затоа слоганот и на оваа, како и на претходните ретрозабави што ги организирав е: „За генереациите кои пораснаа, но никогаш не стареат“, рече тој.
Погледнете го лудилото на оние кои знаат да се забавуваат: