МВР информира дека битолчанец, кој бил пуштен на викенд, во затврор се вратил со торба носел дрога.
-На 23.03.2024 во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека во 20.30 часот, при претрес на торба на осуденикот В.У.(35) од Битола, кој се враќал од викенд отсуство, вработен во затворот пронашол две пакувања со прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Битола извршиле увид, а пронајденото било одземено за понатамошна постапка. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.