Дали во Македонија владее колективно лудило и безредие и ова ќе биде само еден во низата фрапантни случаи на насилство кои ќе помине неказнето, или конечно некој ќе се одважи и постапи, изврши истрага и додели казна затвор за екстремна свирепост и мачење и убиство на животно, се вели во реакцијата на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“.
– Бараме МВР итно да ги лоцира и приведе сите инволвирани во убиството на ова куче, изрече затворска казна и внатрешна контрола – итно да се лоцираат полициските и други службеници на линијата 112 кои ова злодело го изигнорирале и одбиле да постапат. Работи ли и за кого работат службите на оваа држава , прашуваме! До кога ќе се преправаме дека ништо не се случува, до кога ќе се казнуваат граѓани и за фрлен отпушок, а насилници и деликвенти се оставаат на мира да сакатат, мачат, убиваат што ќе им дојде на памет? Полиција за животни под итно и затворски казни за мачење и убивање на животните. За оние на кои животните не им се важни потребно е да знаат дека насилството врз животните е само вовед , преодна фаза и секако кулминира во насилство врз секоја друга индивидуа, вклучително и човек, се вели во реакцијата на Здружението.
Командирот на противпожарната единица Тетово Авни Ахмети, а Канал5, негира дека пожарникарите присилно го фрлиле кучето и уверува дека целата ситуација е само несреќен случај. Но вели ако се добијат соодветни докази, ќе биде законски постапено по пожарникарите кои биле на местото.
„И на сликата се гледа многу добро дека кучето паднало само. Се знае дека пожарникарите во Тетово одат на вакви интервенции и сигурно се случило нешто незгодно. Да се кажува дека пожарникарите намерно го фрлиле кучето од зграда нема логика ако се случило такво нешто, ако има доказ нормално ќе се преземат законски мерки против пожарникарите кои учествувале во таа акција..“
Целосно расчистување на случајот, пренесува канал 5, најавија од СВР Тетово, од каде посочуваат дека вчера попладнето добиле пријава од Тетовец, кој навел дека настанот се случил откако кучето во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари.
Засега информациите од ЦУК се дека на бројот 112 имало една пријава за овој случај. Оттаму за Канал 5 информираат дека разговорот бил преслушан од страна на раководителот и дека операторот професионално постапил по пријавата.