МВР во денешниот билтен донесува информации за неколку тешачку низ државава.
Погледнете каде се имало физички пресметни:
-На 22.03.2024 во ОВР Кичево било пријавено дека околу 15.00 часот, по претходна расправија, во семејниот дом во Кичево, 52 – годишник од Кичево бил физички нападнат од неговиот син А.Х.(19). Притоа, тој се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Кичево за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.
-На 22.04.2024 во 15.54 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12.30 часот во кругот на установата, по претходна расправија, осуденикот Е.А.(30) од Тетово бил физички нападнат од осуденикот О.М., кој употребил и метален предмет.
-На 23.03.2024 во 02.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.К. од Скопје пријавил дека на 22.03.2024 околу 21.30 часот на спортско игралиште во населба Автокоманда, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои тројца познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 22.03.2024 во 13.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар ги привеле А.М.(34), И.М.(42), Р.М.(44) и А.М.(36), сите од Скопје, затоа што околу 13.25 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со М.А.(28), С.Х.(49), 46 – годишната Ѓ.Х. и 28 – годишната Ќ.А., сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-На 22.03.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје, поради претходно недоразбирање, И.М(24) од Куманово бил физички нападнат од неколку лица, од кои едното имало остар предмет, но не го употребил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 22.03.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.З.(42) од Македонска Каменица затоа што околу 16.30 часот на ул.„Александар Македонски” во Македонска Каменица физички нападнал малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-На 22.03.2024 19.30 часот во Полициското одделение Галате, В.Џ.(37) од с.Неготино, гостиварско, пријавил дека околу 16.45 часот во с.Неготино, тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати од Н.Н. од истото село, кој употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-Денеска (23.03.2024) во 01.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ѓ.(49) и Д.М.(29), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-На 22.03.2024 во 18.20 часот во СВР Куманово, Д.К.(46) од с.Умин Дол, кумановско, пријавил дека околу 09.00 часот во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 22.03.2024 во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Р.(51) од струмичко село затоа што се заканувал на неговите сопруга и ќерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-На 22.03.2024 во 22.40 часот на автопатот Тетово – Гостивар, на клучка за с.Жеровјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(30) од с.Теново, тетовско. тој се сомничи дека околу 21.10 часот во Тетово со употреба на сила ја внел А.Е.(22) од Тетово во своето возило и физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
-На 22.03.2024 во 23.50 часот во Полициската станица Гостивар, 32-годишен маж од село од општина Маврово и Ростуше пријавил дека околу 23.10 часот во гостиварско село бил физички нападнат од С.Р., сестра на неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-Денеска (23.03.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, 25-годишна девојка од Скопје пријавила дека на 22.03.2024 околу 16.30 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.П.(44) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.