Дека Џафери е седнат за да биде сто дена е прикаска, тешко дека нешто ќе се смени во мај, промена на влада ќе чекаме до декември, рече во денешното гостување во емисијата “Стадион” на Канал 77, Ванчо Шехтански, адвокат и лидер на партијата ТМРО.
- Ние имавме војан овде во 2001 година, имаше Хашки предмети и случаи кои ја дефинираа Македонија како банана држава каде не владее правото. Една амнестија раѓа друга амнестија. Нефункционалноста на правниот систем датира уште од деведесетите, Рамковниот договор 2001, а мнестијата за Хашките случаи и овде функционира само за тие што ќе украдат ќебапчиња. Ако имаш луѓе кои за воени злосторства биле осомничени, државата нема капацитет да ги води тие случаи ние сега глумиме будали, смета Шехтански.
Потсетува дека цели петнаесет години предметот за Хашките случаи стои во место, ниту има обвинителен акт ниту решенија за затварања.
- Тринаесет години живееме во лага дека постои амнестија за Хашките случаи. Нема амнестија, амнестија за воените злосторства против цивилно население не постои, Венецијанската конвенција вели дека овие случаи не застаруваат, истакнува Шехтански во денешното гостување во “Стадион”.
Вели дека ТМРО ќе ја дадат својата поддршка на ВМРО ДПМНЕ на претстојните избори за да полесно падне според него нелегитимната власт во државата.
- Анализата ми е дека албанските опозициони партии нема да гласаат за Џафери да се симне од столчето што ќе доведе до политичка криза. Мислам дека ќе има некое сценарио како во Бугарија, каде победничката коалиција може тешко да формира влада и дека Македонија се вовлекува во политичка криза. Македонија е на линијата на огнот која завршува до Осетија и Грузија, смета Ванчо Шехтански, прв човек на ТМРО, во гостувањето на Канал 77.
Вели дека неспорно е дека мора да дојде до промена во земјава не само на власта туку и на целиот систем, за неговите ставови и убедувања слушајте во најновото издание на “Стадион” на Канал 77.