Пејачот Харис џиновиќ реши да стави крај на сите шпекулации и им објасни на медиумите дека разводот е нормален процес и дека не сака да прави фанфари од тоа.
-Не знам зошто се крена толкава врева, тоа е обичен процес, обичен развод. Има една стара поговорка „изневерениот маж последен дознава“, некој тоа не го измислил за џабе. Не ме прашувај ништо за разводот, прашај ја Мелина, јас не ја оставив туку таа ме остави, таа знае се. Не сум подготвен за нова љубов, ни во принцип – изјави Харис за „Блиц“.