СВР Охрид информира за двајца мажи од струга и кичево, кои си ги истепале сопругите.
-На 20.03.2024 во 16.40 часот на улица „Браќа Миладинови” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Б.Ш.(49) од струшко село затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид, од каде и додаваат дека:
„На 20.03.2024 во 22.45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.Б.(43) од Кичево затоа што семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.