ДУИ и Народната партија влегуваат во предизборна коалиција, откако денеска лидерите Али Ахмети Скендер Реџепи официјално ќе го потпишат договорот. Ахмети за денеска напладне закажа прес конференција.
Најавено е дека Народната партија на Реџепи ќе ја поддржи и кандидатурата на Бујар Османи за претседател.
Скендер Реџепи, кој ја напушти партијата Алтернатива, од чии редови е пратеник и формира своја партија, ќе има кандидат во сите изборни изборни единици.
По раздорот во Алтернатива, Реџепи истапи незадоволен од договорот за влез во Владата. Тој не се појави на партиски конгрес на кој Африм Гаши доби поддршка за втор мандат за лидер на партијата, а потоа официјално најави дека во Собранието ќе делува како независен пратеник, а формира и своја партија.
Со коалицирањето со ДУИ, Реџепи ќе настапува заедно со партија, која е дел од Владата поради која ја напушти матичната партија.