Неверојатни сцени беа забележани на АТП турнирот во Индијан Велс, кога поради рој пчели беше прекинат натпреварот меѓу Александар Зверев и Карлос Алкараз.
Мечот меѓу двајцата млади асови беше прекинат во првиот поен од третиот гем во првиот сет, кога пчелите прво го нападнаа Алкараз, а потоа и останатите учесници во мечот.
Пчелите потоа почнаа да ги напаѓаат и останатите учесници на оваа средба, прво го нападнаа судијата, потоа Зверев и на крајот публиката која беше во првите редови.пренсува телеграф.рс.
🐝🐝🐝 ¡Lo nunca visto! El partido entre Alcaraz y Zverev se suspende por un brutal ataque de abejas en la pista de #IndianWells
¡Tuvieron que irse a vestuarios! pic.twitter.com/sCEw8vFajd
— MARCA (@marca) March 14, 2024
Таму влетал дрон, кој го собрал тој рој пченица и потоа одлетал со нив што е можно побргу, за што побрзо да ги оддалечи од луѓето, но ситуацијата не се разрешила толку брзо.
Натпреварот беше прекинат и прашање е колку ќе трае прекинот и кога ќе продолжи.