Силен земјотрес, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, утринава, околу четири часот, ја погоди Црна Гора, јави МИНА.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 32 километри северозападно од Никшиќ.
Земјотресот е регистриран во 4,06 часот, на длабочина од десет километри, а бил почувствуван низ цела Црна Гора.
На веб-страницата на Црногорскиот завод за хидрометеорологија и сеизмологија се уште нема информации за земјотресот
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...