Во само една недела Гевгелија и околината денеска повторно ја зафати силно невреме со врнежи од град. Градот, кој паѓаше петнаесетина минути со големина на помал орев, за кратко ги повеле улиците. Граѓаните повикуваат на активирање на градобијните ракети, бидејќи невремето од 7 март, веќе ги сотре овошките.
Општина Гевгелија со денови ги собира барањата на граѓаните кои претрпеле штети, а на терен е и Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општината.
фото и видео: ФБ