Кралот Чарлс Трети се повлече од очите на јавноста откако откри дека боледува од рак кој бил откриен за време на мала операција. Тој не кажа за каков вид на рак се работи, но се знае дека е откриен во рана фаза, и дека шансите за излекување се големи, пишува курир.рс.
Сепак, по сето она што се случи во кралското семејство во последните неколку години, многумина се убедени дека кармата доаѓа кај кралот поради се што и направи на Дијана, но дека на некој начин и неговата покојна мајка „му се потсмева ” на него.
Познато е дека покојната кралица Елизабета едно време не сакала да му го отстапи тронот на својот син, иако тој во еден момент се подготвувал да ја замени. Ја чекаше титулата до 96-тата година на Елизабета, а потоа, токму кога стана крал, почнаа да се појавуваат проблеми. Прво интервенција на панкреасот, па откривање на рак.
@baybe.j British royal drama is the only tea im interested in 💅🏼 #dianaspencer #princessdress #princecharles #dianainheaven #fypシ #humor ♬ original sound – Baybe J 🪴
По веста, интернетот беше преплавен со мемиња на Дијана која се насмевнува од небото, но се чини дека последниот и можеби најдобриот удар допрва требаше да дојде, кој нема да го зададе никој друг туку неговата внука, принцезата Шарлот.
Познато е дека 8-годишната принцеза со месеци е сензација на мрежите и тоа само поради една причина – што неодоливо личи на двете моќни жени од кралското семејство – Дијана и Елизабета, не само физички.
Токму така, моментот кога кралот се сврте и ја здогледа Шарлот како ги гледа нејзиниот дедо и неговата сопруга Камила на ист начин како Дијана, за кратко време стана едно од највиралните видеа кои ги воодушевија луѓето.
Преовладува мислењето дека Шарлот, која ја покажува најбунтовната страна од сите кралски деца, ќе биде вистинскиот наследник на Дијана, а многумина се шегуваат дека е време „веќе да и го препушти тронот“, и дека ќе биде поголема отколку Елизабет, како што веројатно ќе беше случајот со нејзината баба Дијана, доколку таа живееше.
Како што расте принцезата, таа се повеќе личи на Лејди Ди, а уште кога беше мала беше јасно дека дури и наследи некои од талентите на омилената принцеза. Така, познато е дека Шарлот сака да танцува, како што Дијана одела на балет, и знаела неколку видови танци.