Нечесен, некоректен и нерегуларен е овој систем на собирање потписи, вели во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77, Ѓорѓи Манасков претседател на стопанска комора за енергетика на Македонија и независен кандидат за претседател на државата.
- Вчера поднесовме до ДИК стопирање на постапката за собирање потписи затоа што наидовме на нерегуларности од страна на ДИК. Граѓанинот доаѓа со лична карта да се види од која подрачна единица доаѓа и потпишува на лице место во самата подрачна единица. Ние наидовме на нерегуларности каде што од различни градови се потпишуваат во различни подрачни единици, се носат со автобуси и затоа сметам дека треба сето тоа да се поништи, вели Манасков.
Додава дека лицата со кои контактирале рекле дека гласаат и по неколку пати, а од друга страна кривично дело е и собирањето потписи со образецот 1Б и потоа негово доставување во подрачната единица.
Многу грешки во чекори има во самата процедура на собирање потписи, ДИК е должна со самиот ден на распишување да ги објави и роковникот и упатството за собирањето потписи, смета Вело Марковски независен претседателски кандидат.
- Упатството беше објавено на еден ден пред започнување на собирање на потписи, значи девет дена каснеше. Побарав барем во седум осум општини каде што нема канцеларии на ДИК , не дозволија да се отворат дополнителни пунктови. Многу полошо е од пред пет години. Најголемикот дел од канцелариите се останати во општинските згради, замислете колку им е непријатно на граѓаните кога од обезбедувањето во општината ќе ги прашаат каде одите, нагласува Марковски.
Целосниот разговор во најновото издание на “Стадион” на Канал 77.