Вистинската битка до прва следува во самиот предизборен процес но и на изборите, не гледам зошто некои имаа потреба да докажуваат дека можат да ги соберат потписите за два дена, рече во денешното телефонско гостување во емисијата Стадион професорката Билјана Ванковска, претседателски кандидат поддржан од партијата Левица, која вчера ги собра потребните 10 000 потписи за влез во претседателската трка.
- Ние решивме да одиме пополека ама чесно и низ граѓански активизам. Битката не е сега и јас не ја разбирам оваа логика на алфа мажјаци кои јураат во тоа да докажат за колку кратко време собрале потписи. Нашата битка е онаа која ќе почне во официјалната изборна кампања на тие наши соочувања и тогаш ќе видиме кој е кој, вели професорката Ванковска.
Вели дека вистинско време е да се направат корените промени во самиот процес на собирање потписи, тефтерите да се заменат со електронско пребројување гласови и да се олесни целиот тој процес за самите граѓани.
Билјана Ванковска дел од денешното издание на “Стадион” на Канал 77, повеќе следете на следниот линк.