Ми претставува особена чест да бидам член на претседателството на ПЕС (Партијата на европски социјалисти).
Денес, на мое задоволство се придружувам на прогресивните шефови на држави, европските комесари, партиски лидери, активисти и поддржувачи во создавањето на иднината почитувајќи ги европските социо-демократски вредности.
Заедно, можеме да поттикнеме позитивни промени за Северна Македонија и Европа.
Од денешниот состанок на претседателството на Party of European Socialists во Рим. напиша првиот Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на фејсбук.