Дали некогаш сте користеле одредени зборови за да звучите попаметно? Не сте единствени. Стручњаците истражуваа како луѓето се обидуваат да изгледаат попаметно и врз основа на што заклучуваат дали другите се паметни или не.
Многу мислења се базираат на стереотипи.
„Склони сме да донесуваме предрасуди на основа на некои лесни знаци без премногу размислување“, вели Богдан Војчишке, професор по социјална психологија во Полска,
Бидејќи луѓето знаат свесно или несвесно да граат мислење по некој краток разговор, можеби повеќе ќе работат на тоа да остават „вистински“ прв впечаток за да бидат запаметени во најдобро светло. Овие впечатоци можеби не се валидни, но луѓето ги почитуваат перцепциите на другите.
Комуницирајте јасно и концизно
Најважната „ставка“ секако е комуникацијата.
„Паметните луѓе имаат широк вокабулар и квалитетен речник“, наведува Даниел Опенхајмер, професор по когнитивна психологија на Калифорнискиот универзитет.
Луѓето мислат – ако можам да покажам дека имам добар речник, ќе звучам попаметно.
Сепак, истражувањето на овој професор покажува дека користењето на стручни термини со цел да ги импресионирате другите, сепак може да има спротивен ефект.
„Луѓето ја поврзуваат интелигенцијата со јасното изразување“, вели Опенхајмер додавајќи дека паметните луѓе користат подолги зборови кога пишуваат, но нивната цел е да пишуваат јасно. Клучот лежи во тоа да бидете концизен говорник менувајќи ја својата енергија.
„Ако соговорниците изговараат комплетно исти зборови, но едниот зборува малку побрзо и погласно, а со помалку паузи, таа личност ќе биде оценета како поенергична и поинтелигентна“, вели експертот за комуникации, Леонард Млодинов.
Носете очила
Можеби ќе ви звучи необично, но едно истражување направено во Велика Вританија покажува дека според 43 проценти од луѓето, очилата прават тие да изгледаат попаметно.
Очилата се лесно воочливи и често се поврзуваат со интелигенцијата. А која е причината за тоа? Многу луѓе кои се сметаат за удри, како професори, судии и слично, носат очила почесно.
Бидете духовити
Француска студија открива дека жените веруваат дека мажите кои кажуваат смешни приказни се попривлечни од мажите кои разговараат само за секојдневни теми. Ова може да биде точно бидејќи за некој да биде духовит и саркастичен потребно е да има одредено ниво на интелект.
„Луѓето со добра смисла за хумор се навистина поинтелигентни“, сметаат стручњаците.
Бидете дотерани, но не претерано
Во рамките на една студија од 2011 година, фотографирани се само лицата на 25 жени во различни изданија: природно (со минимална шминка), професионално (умерено) и гламурозно (пренагласено). Едната група од учесниците тогаш морала да ги гледа фотографиите сосема кратко, додека на другата група ѝ било дадено неограничено време.
Сите учесници дали оценка за жените врз основа на нивната привлечност и компетентност. Оние кои ги гледале фотографиите само кратко заклучиле дека жените кои носат каква било шминка изгледаат убаво, додека резултатите од оние со неограничено време покажале дека гламурозниот изглед позитивно влијаел на компетентноста, но негативно на веродостојноста.
Авторите на студијата навеле дека носењето длабоки, сјајни бои за усни ќе им остават впечаток на другите дека сте главни, но ако одите на состанок на кој мора да соработувате, одлучете се за посветла и поумерена боја на шминка.
Читајте и носете книги со себе
Едно истражување покажало дека повеќе од половината Британци кои учествувале во анкета објавена по повод Светскиот ден на книгата, признале дека лажат дека читаат класики како што е „Војна и мир“ за да делуваат попаметно.
Можеби ова на краток рок може да предизвика восхит кај другите луе, но доколку некој ве запознае подобро, веќе нема да можете а се претварате дека сте прочитале нешто кое всушнсот го немате читано. За да оставите добар прв впечаток ова навистина е делотворно, но доколку сакате да развиете подлабок однос, потребно е навистина да читате.
Воспоставете контакт со очите
Ако некој ве гледа директно во очи додека зборувате, веројатно ќе оставите впечаток на паметна личност. Добриот контакт со очите значи дека другата личност реагира на она што го правите и зборувате. Доколку соговорниците забележат дека не реагирате на она што го зборуваат, може да помислат дека не сте баш паметни. Врз основа на своите истражувања, стручњаците утврдиле дека соговорниците кои одржуваат контакт со очи постигнуваат повисоки оценки на тестовите за интелигенција од оние кои го избегнуваат погледот.