Какви промени во љубовта може да очекуваат хороскопските знаци во текот на овој месец?
Прочитајте што вели астрологијата…
Овен
Луѓето во овој знак ќе почувствуваат поголема страст во љубовниот живот овој месец. Ако веќе имате партнер, очекувајте напредок во врската. Доколку сте слободни, би можеле да почувствувате силна привлечност кон некого и ова е одлично време за да ги изразите своите емоции без двоумење.
Бик
Месецов ќе донесе стабилност во вашата врска. Партнерската врска ќе се развие, а вашата посветеност ќе биде уште појака. Оние кои се сами ќе привлечат потенцијални партнери, но важно е да посветите и време на вашиот личен развој.
Близнаци
Близнаците ќе се соочат со одредени предизвици во личниот живот овој месец, особено кога станува збор за комуникацијата со партнерот. Важно е да ги изразите јасно своите мисли и чувства, со цел да избегнете недоразбирања. Оние кои се слободни треба да бидат внимателни при влегувањето во ова врска.
Рак
За раковите, март ќе биде месец на позитивни промени. Очекувајте зајакнување на емоционалната поврзаност со партнерот. Оние кои се слободни пак, можно е да запознаат некој кој ќе ги разбира нивните вредности и желби.
Лав
Лавовите ќе доживеат страст и возбудување во своите врски овој месец, додека односот со партнерот ќе се интензивира. Слободните би можеле да почувствуваат привлечност кон некоја нова личност, но важно е да ја одржите рамнотежата помеѓу давањето и примањето.
Девица
Овој месец родените во знакот Девица можеби ќе почувствуваат потреба да направат одредени прилагодувања. Слободните треба да посветат повеќе време на личниот развој, односно на препознавање на сопствените потреби.
Вага
Вагите ќе доживеат романтично блаженство, особено оние кои веќе се во врска. Слободните би можеле да запознаат личност која ќе ги привлече со својот интелект, а потоа и да започнат возбудлива авантура.
Скорпија
Март ќе донесе големи промени во приватниот живот на родените во овој знак, со можност за поинтензивни емоционални искуства. Комуницирајте отворено и бидете спремни на смирување.
Стрелец
Стрелците ќе доживеат живописни искуства на љубовно поле, а тоа ќе ја зајакне врската. При тоа, ќе им овозможи на партнерите подобро да се запознаат. Слободните пак, би можеле да запознаат посебна личност од своето опкружување.
Јарец
Јарците ќе доживеат поголема стабилност во врската, што значи дека токму ова е вистинско време за разговор за долгорочни планови. Слободните ќе бидат привлечени од амбициозни партнери.
Водолија
Водолиите ќе се посветат на самоанализа, а тоа ќе резултира со зајакнување на постоечката врска или привлекување на нова, поинтелегентна личност.
Риби
Рибите ќе доживеат месец полн со емоции и нови откритија, со зајакнување на врската и личен развој. Важно е да ги почитувате своите лични граници и да се грижите за себе во текот на овој период.
Извор: svezazenu.net