Државната изборна комисија на денешната седница го усвои регистарот на медиуми каде политичките партии ќе може да се рекламираат за претстојните Претседателски и Парламентарни избори. Голем интерес пројавиле медиумите со пријавувањето по повикот на ДИК.
Во овој регистар за двата циклуси на избори се наоѓаат 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 интернет портали. Има и одбиени медиумите, кои не приложиле целосна документација.
Кај порталите има најголем интерес, а и се најбројни како медиуми. Еден портал може да добие до 15.000 евра.
Меѓу одбиените е интернет подкаст, кој според објаснувањето на членовите на ДИК, не може да биде прифатен, бидејќи не е опфатен со правната регулатива.
Регистарот ќе биде објавен на сајтот на ДИК, по што одбиените имаат 72 часа да достават документација.
Инаку, се повторува сликата од претходните изборни циклуси, па на листата на портали каде ќе може да се објавува платено политичко рекламирање има и такви кои беа посочувани како во најмала рака невообичаени за политички реклами.