Kандидатот за претседател од ДУИ, Бујар Османи изјави дека ако еден месец не земе плата, ќе треба да се задолжи, пишува ТВ 21.
„Пријателите ми се смеат кога им велам дека ако еден месец не добијам плата, морам да се задолжам. И сите ми велат:
„Нема шанси, толку години функционер…“ Еве кажувам најискрен дека еден месец да не добијам плата, јас треба да се задолжам за да преживеам“, рече Османи и додаде:
„Мене може да ме обвините за се, ама не за корупција. Сфатив дека корупцијата е врзана со карактерот“, изјави Османи.
Оваа изјава предизвика потсмев, но и револт кај граѓаните.
Некои од нив предлагаат „веднаш да се постават кутии за донации во сите амбасади, оти човекот е при крај со министерувањето и со политичката кариера, го наместија да биде претседателски кандидат, а тоа значи на 8 мај станува политички неупотреблив и ќе му требаат парички“, се вели во еден од коментарите под објавата на изјавата на Османи.