Австриската Влада планира да потроши една милијарда евра за зајакнување на забавениот сектор за домување во земјата, најавија канцеларот Карл Нехамер и вицеканцеларот Вернер Коглер.
Парите на австриските даночни обврзници треба да се инвестираат во изградба на 10.000 станови во сопственост и исто толку станови за издавање, како и во реновирање на 5.000 постоечки станови, истакнаа Нехамер и Коглер.
Покрај тоа, владејачката коалиција на Нехамеровата конзервативна Австриска народна партија (ОВП) и Зелените на Коглер се обидуваат да им обезбедат пари на австриските сојузни држави ниски каматни стапки за станбените кредити.
Исто така се укинуваат и давачките за упис во катастар за првиот имот до вредност од 500.000 евра.
Мерките ќе се применуваат во наредните 2,5 до три години.