На починатиот британски пејач и текстописец Џорџ Мајкл Британија му се оддаде почит со издавање персонализирана колекционерска монета.
Британската кралска ковачница објави дека новата монета, на која пејачот е во своите препознатливи очила за сонце, му оддава почит на хит-соло синглот на британската музичка ѕвезда – Faith, објавен во 1987 година.
Монетата е дизајнирана од уметникот и скулптор Сандра Дејана.
„Од неговото деби со дуото WHAM!, Џорџ Мајкл стана еден од најпродаваните соло музичари на сите времиња. Тој е глобална суперѕвезда, која инспирира и влијаеше на генерации со својата работа, музика и уникатен стил. Со задоволство ви ја претставуваме официјалната британска монета, која ги слави животот и наследството на Мајкл“, рече Ребека Морган, директорка на колекционери на монети во Кралската ковачница.
Џорџ Мајкл почина на Божиќ 2016 година на 53-годишна возраст.
Монетата е најновата во серијата „Легенди на музиката“ на Кралската монетарница, која претходно им оддаде почит на Дејвид Боуви, Елтон Џон и на „Квин“, а ќе биде достапна за купување на почетокот на оваа недела.