„Бејби лазања“ со песната „Рим тим таги дим“ победи на хрватскиот национален натпревар Дора 2024 и оди на Евросонг во Малме“, објавија хрватските медиуми, а евровизиските фанови веќе предвидуваат голем успех на Хрватска.
„Ова ќе биде најмоќната и најдобрата песна во историјата на Евровизија“, „Европа, се гледаме во Загреб во 2025 година“, „Победи“, „Само поради уметничкото име Baby Lasagna, треба да му дадеш 12 поени“, „Браво Хрватска, со среќа на Евровизија“, „Најдобрите“, се само дел од коментарите за поддршка на овогодинешниот победник на Дора.
Одлуката дека Baby Lasagna ќе ја претставува Хрватска во Малме е донесена врз основа на гласовите на публиката, како и на судиите – четири хрватски жирија, но и четири меѓународни жирија од земјите учеснички на Евровизија, и тоа Италија, Германија, Украина и Исланд, што е првпат во историјата на изборот на хрватска песна за Евровизија во одлуката да учествуваат и странски жирија.
Тоа е практика која е забележана и претходно во другите европски земји, а има за цел да се добие увид во тоа како странското жири гледа на конкурентите и кои тие ги гледаат како фаворити. Украинското и италијанското жири му доделија по 12 поени на Винко за песната „Lying Eyes“, Исланд и додели максимален број поени на Бејби Лазања, а Германија на Еуген му додели 12 поени.
Осиек, Риека, Сплит и Загреб се договорија и на Бејби Лазања и дадоа максимални 12 поени.