Калабриските мафијаши ставиле избелувач во виното и водата за причест на локален свештеник познат по осудите кон мафијата со цел да го отрујат, но нивниот обид бил неуспешен, јавија италијанските медиуми.
Феличе Батаља и претходно бил изложен на закани и заплашувања, а неодамна мафијаши му го запалиле автомобилот. За време на неделната миса во Чесанити, во близина на Вибо Валентиа, сакал да отпие голтка вино за причест, но го одвратила чудна миризба.
Веднаш повикал полиција, која открила избелувач во виното и водата што требало да се служат за причест.
Градскиот совет на Чесанити неодамна беше распуштен поради инфилтрацијата на Ндрангета, најмоќната и најбогатата калабриска мафија.