Во Јапонија се одржа традиционалниот фестивал Хадака Мацури или попознат како Фестивал на голи мажи, во градот Кономи во централниот дел на земјата.
Фестивалот кој трае веќе 1250 години годинава беше посебен бидејќи за првпат учествуваа и жени.
„Жените им беа силна поддршка на мажите работејќи на фестивалот – рече Ацуко Тамакоши, чие семејство со генерации работи на фестивалот во Кономи.
Меѓутоа, идејата и жените да учествуваат на фестивалот, на кој мажите се обидуваат да ги избркаат „злобните духови“, пред да се помолат за среќа, досега не била реализирана.
Според учесниците, досега немало официјална забрана туку никој никогаш не прашал за учество на жените.
„Верувам дека најважната работа е ова да биде фестивал сите. Мислам дека и Бог би бил среќен исто така“, изјавила една од учесничките, пренесува БиБиСи.
Сепак, не сите во локалната заедница се воодушевени.
„Слушаме приказни дека многумина се загрижени поради учеството на нас, жените. Луѓето се прашуваат што ќе правиме ние на машки фестивал, меѓутоа жените не се целосно голи. Тие носат виолетови наметки и бели шорцеви, за разлика од мажите кои носат само едно парче ткаенина врзано на половината“, изјавила 56-годишна жена за медиумите.