Многу пејачи во текот на нивните кариери, ја пропуштија шансата да снимат песна која подоцна заврши во рацете на нивните колеги и стана хит како што е случајот со познатиот пејач Жељко Самарџиќ.
Така големиот хит на Ана Бекута му беше понуден на Жељко Самарџиќ, кој реши да не го снима, а во рацете на Бекута стана една од песните кои ја одбележаа нејзината кариера, пишува Гранд.рс.
Жељко призна дека се покајал затоа што го одбил хитот кој денес е незаменлив на кафанскиот репертоар на речиси сите пејачи.
Станува збор за песната „Златиборска зора“ – изјави во една прилика Жељко за локалните медиуми.
Инаку, Марина Туцаковиќ заедно со сопругот Фута го прослави Самарџиќ со песната „Налеј ми уште едно виски“, а подоцна и со хитовите „Грлица“, „Слутим“, „Да ме није“, кои важат за најубави песни кои Туцаковиќ ги напишала за него.