Сосема кратко, одвај 20-тина минути важел договорот што министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го имал за измена на Законот за патни исправи. Без да даде детали со кој конкретно го постигнал договорот, Тошковски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека очекува ова да биде негирано од другата страна.
-Неделата пред да излезам на телевизија во јаноста…ова ќе го негираат, ама сакам да го знае макеоднската јавност… имавме начелен договор дека утредента јас и дополнителниот заменик, (не беше договорот со дополнителниот, тој не ни занеаеше) имавме начен договор кој траеше едно 23-4 минути дека Законот за патни исправи плус Законот за безбедност во сообраќајот ќе бидат променети се’ со цел усогласување на технички одредби и можности кои ги имаам како држава – технички капацатите поради што не може да ги прозиведме документите до 12 февруари и да ги дистрибуираме заклучно со рокот, и договоривме тој рок да биде заклучно со Нова Година, кој е реален и може да се постигне. При тоа за граѓаните да не патат и да не кршиме основно човеково право, да не отвараме материјални штети по буџетот на државата, затоа што секој еден ќе има право да тужи и ќе добие. После 23-4 минут рекоа не важи. Не сакам да специфизирам како, што… и тоа дополнително ме изиритира, изјави Тошковски во „Стадион“.
Во однос на тоа во кои земји со сигурност може да се потврди дека може да се влезе со документи со старото уставно име – Република Македонија, Тошковски рече дека се тоа Србија, Косово и Албанија, со чии амбасадори вчера се сретнал.
-Вчера имав состанок со амбасадорите на Србија, Косово и Албанија. Немме никаков проблем да излегуваме кон соседните земји – имаме проблем да излеземе поради овој недоветен закон. Овие тројца (Бојан Маричиќ, Мартин Костовски, Соња Мираковска) сакам да ми кажат зошто не сакаат да ги изгласаат предметните измени за да ги „купиме“ овие 10 месеци. Информации кои ги имам е дека имаме проблемо со Босна и Херцеговина да влеземе и излеземе. За ниедна друга земја немам такви информации, освен за Грција, одговори министерот Тошковски.
На прашањето дали има поведено истрага за службеници кои правеле „Сваровски список“ за издавање пасоши и земање пари за сликање преку ред, Тошковски потврди.
Тошковски:Да, работиме.
Канал 77:Има ли апсења?
Тошковски: Се надевам, да. Се надевам дека ќе има, затоа што имам информаци дека во измината година дена се тера таков процес, се злоупотребувале фунцкии во рамки на Министерството.