Хрватските медиуми пишуваат дека поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, стана шеф на затворската библиотека во затворот Липовица.
Санадер е задолжен за таканареченото „културно издигнување на затворениците“, што и не е така лоша опција кога некој долго време е зад решетки.
Санадер е префрлен од Реметинац во Липовица поради примерно однесување и нарушено здравје, според неговата одбрана.
Санадер е во КПУ Липовица неколку месеци. Тоа е полуотворен затворски систем, а сега е во многу подобри затворски услови од претходно“, објасни неговиот адвокат Чедо Продановиќ, пренесува Klix.ba.