Во морето секојдневни вести кои предизвикуваат нервоза и стрес, на Фејсбук се појави една убава.
Штипската четворка денес наполни четири месеци, а мама Благица сподели фотографии од Леонтина, Ведран, Михаил и Теодор, на кои се гледа де веќе се пораснати.
-Пораснаа и разбираат веќе, вели Благица, која за ММС рече дека нашла начин како себе си да си олесни, а и нив да научи.
-Супер сме сега, си најдовме начин за да ни биде полесно и навистина е полесно е сега. Ги научив сами да си јадат. Со пернички им ги потпирам шишенцата за да јадат, веќе не им ги држам шишињата. Разбираат веќе. играме со тропалките, ме следат. Па знаат и да поплачат малку и да ги земеме во раце, а понекогаш така си поминуваме цел ден. Сега ме следат со поглед, веке не можам да се сокријам за да одморам малку. Сега ме параат и плачат, рече Благица и додаде дека вирусот и кашлицата не ги одминала, дека заглавиле и во болница, но дека сега се е во ред.
Погледнете ја оваа убавина: