Бујар се има докажано на домашната и меѓународната сцена и победи во битката против Русија, истотака беше дел од нашата екипа за Уставните измени, членството во НАТО и почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме Вашата доверба за да го избереме Претседателот во Собрание со двотретиско мнозинство и со Бадинтерово мнозинствл, за да ја оствариме нашата визија за Консенсуален Претседател.
Вака лидерот на ДУИ, Али Ахмети од говорница од Мала Речица ја кажа големата вест дека актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи е нивниот кандидат за претседател.
Во својот говор понатаму Ахмети рече:
– Од ова говорница го најавив сонот за Првиот Премиер Албанец, сон кој што го остваривме заедно. На ова говорница официјално го веев националното знаме и го говорев службениот Албански јазик, тука ги срушивме границите и се обединивме со коридори, ги изградивме државните универзитети и го зедовме нашиот дел од рамноправноста во сите области, ги ослободивме институциите од етничките предрасуди и станавме дел на НАТО, исто така отворивме преговори за членство во Европската Унија. Но, нашиот пат не е целосен, не е завршен и не е докрај обезбеден. рече тој и додаде:
-Изборите кои се пред нас, парламентарните и претседателските, се од одлучувачка важност во ова битка. Затоа на овие избори одлучивме да побараме од Вас да останеме заедно, да се построите со нас за реализација на нашето барање (од 2016 и 2020) за уставн измена и избор на Претседателот и Заменик Претседател на државата во Собрание, вклучување на бугарската и другите заедници во Уставот и да и кажеме одлучно НЕ на Русија, и ДА на Европа.
Тој понатаму кажа:
– Сега е нашиот ред да се соочиме директно. Поларната мечка, Русија, ни тропа на врата и е веќе во сите пори на нашето општество, дестабилизирајќи ги иституциите и влиаејќи во политичката сцена во земјата. Русија е присутна во политичките партии во нашата земја, во нашите медиуми, во цивилното општетсво, во нашето стопанство, нашата критична инфраструктура и во секој сегмент на општеството, не само кај нас, туку и во нашиот регион. Рускиот претседател Путин, Министерот за надворешни Лавров, изјавија дека членството на Македонија во НАТО е пламена линија за Русија, и се построија против нашето членство во Европската Унија. Ова е вистинска закана! Изборите кои се пред нас, парламентарните и претседателските, се од одлучувачка важност во ова битка. Пред Вас, давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот и ќе одиме во опозиција за да се бориме и да ги победиме екзистенцијалните закани за нашата земја, рече меѓудругото Ахмети