Во весник во Грција објавена е најава за склучувањето брак меѓу познатата актерка Алексија Безикис и нејзината партнерка Данае Делигеоргис, психолог – педагог по професија.
Во објавата нема датум кога ќе биде склучен бракот меѓу двете жени, но извесно е дека ќе биде деновиве, откако е донесен законот за признавање на истополови бракови.
Грчкиот парламент усвои закон за признавање на исполовите двојки, со што стана првата земја, каде мнозинство се православни верници.
Во земјите каде што православните се мнозинство, верниците велат дека општеството не треба да ја прифаќа хомосексуалноста или да одобрува истополови бракови, според анкетите спроведени во 2015 и 2016 година од страна на Истражувачкиот центар Пју, тинк-тенк со седиште во Вашингтон.
Во Грција, забележува Асошиетед прес, тие покажаа релативна толеранција. Грчкиот закон го потврдува бракот во граѓанската сфера, но не бара ниту една црква да врши такви церемонии. Меѓутоа, раководството на грчката црква во јануари, додека се чекаше усвојување, едногласно се спротивстави на законот, велејќи дека „двојноста на половите и нивната комплементарност не се општествени изуми, туку доаѓаат од Бога“.
До донесување на законот, исполовите двојки склучуваа договор за соживот, кога им се спојуваат даночните пријави на партнерите.
Извор: Агенции