Полицијата од грчкиот остров Закинтос уапси 27-годишен Албанец поради насилно прекинување на бременоста на неговата 19-годишна девојка од островот. Тој ја претепал и насилно и’ дал лек на својата 19-годишна девојка за прекин на бременоста. Девојка е хоспитализирана по спонтан абортус на детето кое го носела. Била во вториот месец од бременоста.
Според телевизијата ЕРТ, настанот се случил во вторникот вечерта кога мажот ја однел партнерката во својата куќа, ја врзал, ја претепал и ја принудил да пие лекови за да ја прекине бременоста.
Следното утро мажот ја однел девојката во болницата во Закинтос, каде што е констатиран спонтан абортус. Девојката е хоспитализирана, но е надвор од животна опасност.
По поднесена пријава, полицијата вчера го уапси 27-годишниот маж кој ќе биде изведен кај обвинителот под обвинение за семејно насилство, прекинување на бременоста, опасни телесни повреди и кражба, поради тоа што одзел мобилниот телефон на неговата девојка.
Извор: Прототема