Поранешниот премиер на Велика Британија, борис Џонсон побарал од американскиот новинар, Такер Карлсон милион долари за интервју, во кое тој би го образложил својот став за конфликтот во Украина.
Карлсон зборуваше на оваа тема за порталот „Blaz“.
„Борис Џонсон ме нарече „оружје на Кремљ“ или нешто слично. Јас испратив барање за интервју со него. Неговиот советник ми одговори – Тој ќе разговара со вас, но тоа ќе чини милион долари. Тој сака милион американски долари во злато или биткоини. Тоа се случи пред еден или два дена“, истакна Карлсон.
Тој објасни дека Џонсон се согласил да разговара со него за Украина само под наведените услови.
„Тој ме напаѓа не објаснувајќи зошто е тој во право, а јас не. И тоа го прави човек кој на барање на американската влада пред една ипол година спречи мировен договор во Украина. И тој не сака ништо од тоа да разјасни, сѐ додека не му платам милион долари“, наведе новинарот.
Карслон додаде дека му направил интервју на рускиот претседател Путин, но тоа не значи дека тој го штити него, ниту пак Путин побарал милион долари за возврат за интервјуто.