Жена од Виница (40) заврши со телесни повреди откако комбе излета синоќа на експресниот пат Штип – Кочани. Нема други повредени, соопштија од СВР Штип.
Во комбето жената била сама. Сообраќајката се случила на 5 километри од клучката кај Три Чешми на патот кон Кочани.
Ова е втора сообраќајка за период од една недела, по трагичната несреќа на 14 февруари, во која загинаа 24-годишна девојка од Скопје 52 – годишен маж од Кочани, а пет лица беа потешко повредени. Двајца беа однесени на лекување на клиниките во Скопје.
Возачите забележуваат дека на овој пат се вози брзо, не се почитуваат сообраќајните знаци, а ноќе недостасува осветлување на делови од патот.
https://www.facebook.com/790179544/videos/3568895270041719/