„Бендот на браќата Нуне“ и Мими Јовановска за прв пат заминаа на турнеја низ Австралија, а со нив замина и Дарко Билбиловски. Но, тие не се единствените патници, бидејќи со нив тргна и Никола, синчето на Мими и Филип. Ова е прво патување во Австралија на Мими и Филип и секако и Никола тргнаа на своето прво патување иако нема една година.
-Кога ја добивме поканата за турнеја низ Австралија, не ни помилувавме да тргнеме без Никола. Во Австралија ќе престојуваме месец и половина и не сакавме толку многу време да се оделиме од него. Никола е навикнат да функционира со музика и со прошетки, затоа и ова патување е долго, но нема да има никаков проблем, велат Мими и Филип.
Ова патување не само што е прво искуство и за нив, туку и за нашинците кои ќе ја имаат привилегијата да ги слушнат во живо. А според најавите и според она што досега го имаат сработено има и што да се слушне.
„Македонци, подгответе се за една поинаква забава, за нешто што многу ќе ви се допадне и што ќе го барате повторно“, се ветувањата на музичките ѕвезди,кои досега многу пати ја покажале нивната големина.
„Бендот на браќата Нуне“, Мими и Дарко заминаа на покана на друштвото „Никола Карев“ од Мелбурн, друштво кое има традиција од половина век. На турнејата, која ќе трае месец и половна планирани се девет концерти.
Првиот концерт е закажан за 23 фебруари во Волонгог, следниот ден се во Сиднеј, на први март се во Квинбиен, за осми март во Мелбурн и на девети март во Џилонг. Во Мебурн, како град во кој им најмногу Македонци планирани се уште два концерти и тоа на 15 и 16 март, а последниот концерт ќе се случи во Перт на 23 март.
Тие имаат сосема поразличен концепт на концерти, нивните настапи се во боја и подготвуваат музичко шоу кое ќе се памети. Ќе се пее и свири исклучиво македонски песни и ора, секако забавни и народни. Песни од нашата богата ризница што одамнане ги слушнале.
-Ова е прва средба мегу нас и нашинците во Австралија. Затоа ќе биде забава за публика од 7 до 77. Од од танго до чочеци. Сите жанрови на едно место, стари хитови, евергрини, но и модерна македонска музика. Затоа обединете се Македонци, дојдете во што поголем број на забава каква што немаат видено до сега, порачуваат музичарите.
На настапот секако ќе има нивни авторски песни, инструментали, песни Васка до Есма.
Мими нејизната најнова песна „Мајко“ за прв пат на жив настап ќе ја промовира токму пред австралиската публика. „Мајко“ е песна посветена за сите нашинци кои се далеку од дома, за сите кои морале да ги напуштат родителите и да заминат во светот, што е приказна во која ќе се пронајдат тие, кои ја доживеале истата судбина.